Адвокатското Друштво Поленак е познато како вистински лидер во многу области на правото.
Ние обезбедуваме:
- Општи консултации и совети во областите на работа на друштвото.
- Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
- Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за клиентот.
- Застапување на правни и физички лица пред судовите во Република Северна Македонија.
- Застапување пред министерства, општини, владини агенции и други органи.
- Длабинска правна анализа.
- Регистрации и поднесување на пријави во врска со основање на друштва, разни организациони промени од корпоративна природа.
- Регистрација и обновување на регистрација на индустриска сопственост, трговски марки и авторски права.
- Постојано и комплетно застапување и правна помош на производствени и трговски друштва, институти и друштва од земјата и од странство.
- Пријавување на вработени, регистрирање за ДДВ, отворање на сметки и други дејности неопходни за започнување на работењето на новото друштво.
- Правна помош во преноси на акции и поврзување со брокерските куќи.
- Наоѓање инвестициски можности во Република Северна Македонија.