Нашата соработка со следните водечки адвокатски друштва од секоја јурисдикција во регионот на Југоисточна Европа, здружени заедно во South East Europe Legal Group, ни овозможува да им пружиме на нашите клиенти покриеност и правни услуги во целиот регион:

  • KALO & ASSOCIATES, Албанија, Косово;
  • Maric & Co, Босна и Херцеговина;
  • BOYANOV & Co., Бугарија;
  • Divjak, Topic & Bahtijarevic (DTB), Хрватска;
  • Kyriakides Georgopoulos (KG) Law Firm, Грција;
  • Nestor Nestor Diculesku Kingston Petersen (NNDKP), Романија;
  • BDK Advokati, Србија, Црна Гора;
  • Selih & partners, Словенија;
  • Kolcuoglu Demirkan Kocakli, Турција.

Адвокатско друштво Поленак соработува со компании и консултанти од широк спектар на професии. Соработуваме со водечки македонски финансиски експерти, архитекти, хирурзи, психолози, лекари и експерти за индустриска сопственост, вклучувајќи универзитетски професори по право, економија, машинство, медицина и градежништво.

Вршиме работи кои не се исклучиво правни, како што се: регистрации во трговскиот регистар и регистрација на ДДВ, со цел да им обезбедиме на нашите клиенти брзо решение за нивните потреби. Во таа насока, развивме соработка со неколку локални и меѓународни даватели на услуги. Адвокатското друштво Поленак секогаш на клиентот му ја обезбедува бараната услуга или информација.

Адвокатското друштво Поленак соработувало и соработува со бројни меѓународни адвокатски друштва. За време на годините на прогресивна меѓународна трговска и инвестициска активност во државата, односно од 1990 година, имаме соработувано на разновидни проекти со водечки адвокатски друштва, давајќи локална правна помош на нивните клиенти.