Банкарско и финансиско работење

Нашата правна пракса ги опфаќа сите аспекти на банкарско и финансиско право. Помагаме на локални и меѓународни заемодаватели и заемопримачи, вклучително  банки, финансиски институции и корпорации. Нашиот банкарски тим обезбедува целосен опсег на правни совети за регулаторни прашања и прашања за усогласеност, вклучувајќи корпоративно управување на финансиски институции и барања за лиценцирање. Тимот има искуство со најразлични финансиски трансакции како обезбедени и необезбедени долгорочни заеми, финансирање на недвижен имот, финансирање на проекти, финансирање на опрема, деривати, преструктуирање, трансакции на пазарите на капитал, инвестициски фондови, хартии од вредност, итн.

Стечај и реструктуирање

Имаме искуство со локални и меѓународни клиенти, застапуваме компании кои се соочуваат со финансиски проблеми, како и доверители на компании со потешкотии во работењето. Нашата пракса ги опфаќа сите аспекти на законот за несолвентност, реструктуирање и ликвидација. Даваме совети за влијанието на постапките за несолвентност, предстечајни или стечајни постапки, вонсудски реструктуирања, заштита на интересите на доверителите во случај на несолвентност, наплата на долгови и останати прашања поврзани со несолвентност.

Пазари на капитал

Наши клиенти се истакнати меѓународни финансиски институции за кои имаме работено големи домашни и меѓународни трансакции. Нашите адвокати имаат искуство со јавни понуди и приватни пласмани, длабински анализи и давање совети за изготвување на проспекти, договори за превземање и други трансакциски документи. Исто така, даваме и совети за правни аспекти на финансиски деривати и хартии од вредност.

Конкуренција и државна помош

Даваме правни совети на домашни и меѓународни клиенти во врска со сите аспекти на законот за конкуренција. Нашиот тим им помага на клиентите да решат проблеми поврзани со антимонопол и конкуренција и да имплементираат долгорочни стратегии за намалување ризикот во работењето. Помагаме при меѓународни и домашни трансакции кои вклучуваат постапки за контрола на спојувања во Северна Македонија и застапуваме клиенти пред Комисијата за заштита на конкуренција, вклучително и комплексни случаи кои бараат структурни правни лекови, како и случаи поврзани со забранети договори и злоупотреба на доминантна позиција. Исто така, советуваме клиенти во врска со аранжмани за државна помош и ги застапуваме или им помагаме во постапки за добивање и договарање на такви аранжмани.

Корпоративнo работење

Даваме поддршка на локални и меѓународни клиенти низ сите фази од корпоративниот циклус. Покрај традиционални корпоративни правни услуги, работиме и големи локални и меѓународни трансакции. Нашиот тим има долгогодишно искуство во инкорпорирање нови компании, филијали и заеднички вложувања. Изготвуваме секакви видови корпоративни документи, статути, акционерски договори и даваме совети за правата на акционерите, за корпоративното управување и вршиме застапување на акционерски собранија. Нашиот тим има искуство во советување при корпоративно преструктуирање и реорганизација, прибирање на капитал, работа со приватен капитал, итн.

Комерцијални договори

Нашата листа на клиенти вклучува разновидно портфолио на индустрии: изградба и развој на недвижен имот, здравствени производи и козметика, производители на автомобили и автомобилски делови, тутун, хотели, металургија, рударство, телекомуникации и медиуми, информатичка технологија и друштвени медиуми, малопродажни синџири и модни брендови, нафта и гас, греење и обновлива енергија. За повеќето наши клиенти имаме подготвувано или ревидирано комерцијални договори, специфични за индустријата во која работат. Благодарение на ова искуство, имаме длабоко разбирање за индустријата и бизнисот на клиентот и подготвени сме да дадеме навремени и добро обмислени правни совети.

Безбедност на производи и заштита на потрошувачи

Даваме правни совети за регулаторната рамка применлива при пласирање производи на пазарот во Северна Македонија, вклучувајќи барања за безбедност на производи и барања за етикетирање на прехранбени и непрехранбени производи, особено за производи наменети за широка потрошувачка. Исто така, даваме правни совети за законските барања за заштита на потрошувачите, како во редовното тргување, така и во електронската трговија, и застапуваме клиенти пред локалните административни власти и локалните судови во врска со прашања за безбедност на производи и заштита на потрошувачи.

Заштита на податоци

Советуваме клиенти, како домашни така и меѓународни, за сите аспекти на приватност и заштита на лични податоци, и усогласеност со регулативата за заштита на податоците. Нашата правна помош во овие области опфаќа консултации за идентификување на ризик (анализа на ризик, проценка на влијанието на заштитата на податоците), подготовка на интерни подзаконски акти за технички и организациски мерки за заштита при обработка на лични податоци, подготовка на известувања за приватност и формулари за согласност, договори за обработка на лични податоци и документација за пренос на лични податоци. Исто така, застапуваме клиенти во постапки пред Агенцијата за заштита на лични податоци, како што се регистрација на контролори на податоци, известувања за прекршување и известувања и одобренија за пренос на податоци. Нашиот тим застапува клиенти кога станува збор за жалби поврзани со заштита на податоци, инспекции, како и судски спорови од областа на заштитата на податоците.

Работни односи

Нашите посветени адвокати имаат огромно искуство со прашања од областа трудово право, вклучително и здравје и безбедност при работа, социјално осигурување и законот за имиграција. Нашиот тим обезбедува правни совети и ја подготвува целата релевантна документација во врска со сите аспекти на работниот однос, вклучувајќи регрутирање, засновање и прекин на работен однос, застапување на клиент пред релевантни органи за вработување и социјално осигурување, обезбедување на работни дозволи за странци, решавање на прашања на приватност на вработени, дизајнирање и евалуација на шеми за мотивирање на вработени, колективни и индивидуални отпуштања, дисциплински постапки и безбедност и здравје при работа. Обезбедуваме правни совети и изготвуваме документација поврзана со антидискриминација и антимобинг, правила за заштита на укажувачи и застапуваме клиенти при решавање или водење на работни спорови. Имаме долгогодишно искуство во решавање сложени прашања од областа трудово право, во локален и меѓународен контекст, кои меѓу другото вклучуваат прераспределби на работни места, зголемување и намалување на работна сила поради спојувања и  превземања, преструктуирање на компании и аутсорсинг.

Енергија и минерални ресурси

Поседуваме долгогодишно искуство поврзано со проекти од областа на енергија и минерални ресурси, кое опфаќа регулаторни совети на сите нивоа на индустриски специфични активности, изготвување и преговарање за специфични договори, заеднички вложувања, концесии и јавни приватни партнерства, лиценцирање, вклучително и концесии за детални геолошки истражувања на минерали, како и финансирање. Нашите адвокати го комбинираат своето пошироко знаење и разбирање за законот за трговски друштва, законот за спојувања и превземања, усогласеноста со регулативата, законот за недвижности и финансии, кога советуваат за целиот спектар на прашања поврзани со енергија и минерални ресурси. Имаме искуство во советување на клиенти за проекти кои се однесуваат на производство на обновлива енергија, дистрибуција на енергија до потрошувачи, гасификација, пренос на електрична енергија, парно греење, цевководи, итн.

Интелектуална сопственост

Нашите услуги од областа интелектуална сопственост вклучуваат регистрација на права на интелектуална сопственост, изготвување на лиценци, пренос и други договори поврзани со интелектуална сопственост, спроведување длабинска анализа, советување за сите аспекти на авторски права, итн. Кога судски спор е неизбежен, нашите адвокати ги застапуваат клиентите во спорови поврзани со интелектуална сопственост, како повреда на трговска марка, спорови за патенти и авторски права, итн.

Судски парници и арбитража

Застапуваме локални и меѓународни, корпоративни и индивидуални клиенти, во моменти кога судските спорови се неизбежни. Нашиот тим го покрива целиот опсег на судски спорови пред македонските судови, во сите инстанци. Нашиот процент на успех е исклучително висок, главно затоа што даваме објективна проценка пред да прифатиме да водиме судски спор. Нашите адвокати се искусни и во советување и застапување на клиенти во алтернативни постапки за решавање на спорови, кои вклучуваат спогодби, медијација и арбитража. Имаме искуство и како локални советници во неколку меѓународни арбитражи, водени од меѓународни адвокатски друштва, понатаму вршиме застапување во градежни спорови под FIDIC, советување за признавање и извршување на арбитражни одлуки.

Спојувања и превземања

Советуваме при трансакции на спојување и превземање во различни индустрии. Нашите адвокати им помагаат на клиентите во сите фази на спојување и превземање, изготвување писма со намери и договори за необјавување, вршењене на правна длабинска анализа и советување за структурата на трансакцијата, преговарање за условите и изготвување документи за трансакцијата, обезбедување усогласеност со одредбите за преземање и конкуренција, советување за различни методи на порамнување, прибавување на соодветни овластувања и реализирање на трансакцијата. Имаме искуство со локални и меѓународни спојувања и превземања, вклучувајќи зделки со акции и средства, спојувања, поделби, spin-offs, превземања, заеднички вложувања, реструктуирања, итн.

Јавни набавки, концесии и јавно-приватно партнерство

Нудиме правни совети на клиенти кои ги засегаат правилата на јавните набавки, вклучително концесии и јавно-приватно партнерство. Советуваме компании при давање понуди на јавни тендери и обезбедуваме правни совети за прашања поврзани со јавни набавки, концесии и законот за јавно-приватно партнерство. Нашите клиенти добиваат правна поддршка за тендерскиот процес, вклучувајќи подготовка на понуди и договори за конзорциум, усогласување со тендерски правила, правна помош во врска со барања од неизбрани понудувачи, како и совети за правни аспекти на преговори и финансирање.

Недвижен имот

Имаме огромно искуство и знаење во застапување на клиенти кога се работи за исклучително комплексни трансакции со недвижен имот. Помагаме на домашни и меѓународни инвеститори, банки и останати инвеститори во недвижен имот, фондови за недвижнини, оператори на трговски центри и субјекти вклучени во градежниот бизнис, при сите активности поврзани со купување, развој, изградба, работење и финансирање на недвижности. Советуваме клиенти во секоја фаза од проектите: стекнување на имот, развој на проект, преговарање и изготвување договори за финансирање, подготовка на договори за градба, стекнување на сопственост и регистрирање на права на недвижности, запишување во катастарска евиденција, приватизација на земјиште, добивање градежни дозволи, станбен и комерцијален закуп и оттуѓување на имот. Кога е неизбежно, ги застапуваме клиентите во спорови поврзани со имот и градежни спорови.

Даноци, царини и акцизи

Обезбедуваме правни совети и застапуваме клиенти пред инспекции од страна на локални даночни и царински органи, како и во други административни и судски постапки поврзани со даночни, царински и акцизни случаи, вклучително и привремени мерки и подмирување на долгови.

Телекомуникации, електронска трговија и медиуми

Нашиот тим обезбедува сеопфатни правни совети за регулаторната рамка која се однесува на телекомуникации, даватели на услуги на информатичко општество и медиуми, при извршување на специјални проекти, преговарање, изготвување и ревидирање на договори специфични за индустријата, застапување пред регулаторни тела, итн.