Меѓународни Клиенти

Листата на меѓународни клиенти на Адвокатското Друштво Поленак се состои од меѓународни финансиски организации и финансиски институции, банки, осигурителни компании, мултинационални компании од тутунската индустрија, автомобилската индустрија, металургија и компании за производство и трговија со метали, меѓународни градежни компании, телекомуникации, технологија, малопродажба и стока за широка потрошувачка, енергетика и т.н.

Домашни Клиенти

Многу од водечките македонски компании се наши клиенти, вклучувајќи ја рафинеријата за нафта; аеродромскиот оператер; производител на фармацевтски, хемиски и козметички производи;ланец на хотели; телекомуникациски услуги; производител на челик; казина и хотели; осигурителни компании; лизинг компании. Најголемиот дел од македонските клиенти на Друштвото се рангирани меѓу 50-те водечки компании во Македонија.

Листата на нашите клиенти не е достапна поради општите рестрикции наметнати од страна на Адвокатската комора на Македонија.