Партнери

КРИСТИЈАН ПОЛЕНАК

KP  E-mail: kristijan@polenak.com

КРИСТИЈАН ПОЛЕНАК, управувачки партнер. Дипломирал 1994 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работи на преземања и спојувања, банкарско работење, регулатива во врска со хартии од вредност, право на друштва и корпоративно управување.

Членства:
• Независен член на Надзорниот Одбор на Sparkasse Банка Македонија АД Скопје, 2011-до денес;

• Претседател на Одборот на Директори на Македонската Берза АД Скопје, 2007-2011;
• Член на Управниот Одбор на Пивара АД Скопје, 2008-2009;
• Управен Одбор на Американската Стопанска Комора во Македонија од 2000 година (еден од основачите) и Претседател на Одборот во 2006/2007;
• Неизвршен член во Управниот Одбор на Осигурителното Друштво ЕУРОЛИНК АД Скопје, 2002-2005;
• Неизвршен член во Управниот Одбор на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, 2001-2004;
• Неизвршен член во Управниот Одбор на Брокерската Куќа БРО-ДИЛ АД Скопје, 1999-2003;
• Меѓународна Адвокатска Асоцијација (International Bar Association);
• Адвокатска Комора на Република Македонија, од 1996.

ТАТЈАНА ШИШКОВСКА

TS  E-mail: tsiskovska@polenak.com

Татјана Шишковска, партнер, дипломирала во 2004 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Нејзиното професионално искуство започнува од декември 2003 година во Собранието на Република Македонија работејќи како приправник до 2004 година. По двегодишна обука во периодот од Октомври 2005 – Октомври 2007 во Адвокатското Друштво Поленак, таа го положи правосудниот испит. Во 2012 година, промовирана е во помлад партнер, а од мај 2019 Татјана Шишковска е Партнер во Друштвото. Главни области во кои делува се спојувања и превземања на трговски друштва, банкарско право, хартии од вредност и корпоративно управување. Течно говори англиски јазик.

АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ

AD  E-mail: adimic@polenak.com

Александар Димиќ, партнер, дипломирал во 2005 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2005 година поминал дел од обуката во Собранието на Република Македонија. Од 2005 година работи во Адвокатското Друштво Поленак. Во 2012 година промовиран е во помлад партнер, а од мај 2019 Александар Димиќ е Партнер во Друштвото. Работи во областа на граѓанското право, граѓанската постапка и недвижностите. Говори англиски јазик.

МЕТОДИЈА ВЕЛКОВ

MV  E-mail: mvelkov@polenak.com

Методија Велков, партнер, дипломирал во 2007 на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Вработен е во Адвокатското Друштво Поленак од 2008 година. Во 2017 година промовиран е во помлад партнер, а од мај 2019 Методија Велков е Партнер во Друштвото. Неговиот главен фокус е финансиско право, даноци, заштита на конкуренција и административно право. Говори англиски и германски јазик.

ТАЊА ПОЛЕНАК

  E-mail: tpolenak@polenak.com

Тања Поленак, партнер. Дипломирала 1994 година на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Тања има 25 годишно искуство во правната пракса, 12 години во Апелациониот суд Скопје и 12 години како раководител на правен сектор во Еуролинк осигурување Скопје. Тања работи во Адвокатско друштво Поленак од 2021 година. Говори англиски јазик.

Постари Соработници

ЗОРАН АНДОНОВСКИ

ZA  E-mail: zandonovski@polenak.com

Зоран Андоновски, постар стручен соработник, дипломирал во 1999 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 2002 година, по положувањето на правосудниот испит, е вработен во Адвокатското Друштво Поленак и работи на прашања од граѓанското право, граѓански спорови и административни процедури поврзани со недвижности и денационализација. Тој исто така покрива и прекршочни постапки. Говори руски јазик.

НАТАША ПОПОВА - АЛЕБИЌ

NP  E-mail: npopova@polenak.com

Наташа Попова – Алебиќ, постар стручен соработник, дипломирала во 2005 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 2006, Г-Ѓа Попова-Алебиќ е лиценциран застапник за трговска марка. Започна како приправник во Адвокатското Друштво Поленак во април 2005 година. Најмногу работи на правни прашања кои се однесуваат на интелектуална сопственост и административно право, како и на граѓанско право. Говори англиски јазик.

АНАСТАЗИЈА САЗДОВСКА

AS  E-mail: asazdovska@polenak.com

Анастазија Саздовска, постар стручен соработник. Дипломирала 2013 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во декември 2015 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од март 2014 година. Говори англиски јазик.

Соработници

ВЕРА РИСТИЌ

VR  E-mail: vristik@polenak.com

Вера Ристиќ, стручен соработник. Дипломирала 2013 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2015 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од јуни 2019 година. Говори англиски јазик.

ИВИЦА МАКСИМОСКИ

E-mail: imaksimoski@polenak.com

Ивица Максимоски, соработник. Дипломирал во 2007 година, на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Има 28 годишно работно искуство, 17 години административни работи во Апелациониот суд Скопје и 11 години правна пракса како Соработник за ликвидација на штети и застапување пред суд, во Еуролинк осигурување Скопје. Ивица работи во Адвокатско друштво Поленак од октомври 2021 година.

СИМОНА ШЕКЕРОВА

SS  E-mail: ssekerova@polenak.com

Симона Шекерова, помлад стручен соработник. Дипломирала 2016 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2018 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од ноември 2020 година. Говори англиски јазик.

АНДРЕЈ СТОЈКОВИЌ

Andrej Stojkovic  E-mail: astojkovic@polenak.com

Андреј Стојковиќ, помлад стручен соработник. Дипломирал 2017 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2019 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од јануари 2021 година. Говори англиски јазик.

Помлади Соработници

МАРИЈА ТУПАНЧЕСКА

MT  E-mail: mtupanceska@polenak.com

Марија Тупанческа, помлад стручен соработник. Дипломирала 2015 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2017 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од октомври 2018 година. Говори англиски и шпански јазик.

ВАЊА ЧУРЛИНОВА

VC  E-mail: vcurlinova@polenak.com

Вања Чурлинова, помлад стручен соработник. Дипломирала 2016 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2018 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од декември 2019 година. Говори англиски и шпански јазик.

МИА УКАЈДАРИ

  E-mail: mukajdari@polenak.com

Миа Укајдари, помлад стручен соработник. Дипломирала 2019 година на Правниот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2020 година успешно ги заврши последипломските студии. Работи во Адвокатско друштво Поленак од април 2022 година. Говори англиски јазик.

Адвокатски Приправници

СИМОНА АНГЕЛОВСКА

Практиканти

МИРЈАНА БИЈЕЉАНИН

ФИЛИП БИМБИЛОСКИ