Република Македонија помина низ процес на транзиција од договорна во пазарна економија, менувајќи ја нејзината политичка организација и зголемувајќи го нејзиното меѓународно присуство. Овие промени исто така влијаеа на полето на интерес на меѓународната бизнис заедница и меѓународните инвеститори. Положбата на државата на меѓународниот пазар беше сменета.

Денес во Република Македонија ви е потребно адвокатско друштво што обезбедува навремени, издржани и стручни правни совети за да можете да ги донесете вистинските одлуки во врска со купување или инвестирање и донесување на соодветни одлуки.

Кога соработувате со адвокатите во Адвокатското Друштво Поленак добивате адвокатско друштво кое нуди широк спектар на услуги докажанo во многу области на практиката.

Нашата посветеност на одржување и развивање на широк опсег на области на работа, во рамките на друштвото, ни овозможува да нудиме правна помош која е одговор на потребите на клиентите.
Привилегија е да се продолжи традицијата на давање правни услуги, востановена од нашите основачи од 1946 година, кога првата адвокатска канцеларија со името Поленак беше основана. Оттогаш, ние постојано одржуваме високо ниво на квалитетни правни услуги.

Денес, ние сме една од водечките адвокатски куќи во Република Македонија во повеќе области на правната практика. Дејноста на Адвокатското Друштво Поленак опфаќа големи спојувања и преземања поврзани со меѓународни инвеститори, подготовки на правни извештаи за длабинска анализа на друштва (legal due diligence reports), основање на банки, основање на друштва за осигурување и лизинг, трговски и производствени друштва, болници и институции за медицинска нега, стопански, граѓански и кривични постапки, финансиски трансакции, заеми и извршувања, работни односи, подготовка и проверка на договори, трансакции со недвижности, трансфери на акции, заштита на потрошувачите, прашања од областа на конкуренцијата, телекомуникации.

Постоењето на професионален персонал е услов за навремена и сигурна услуга. Во Адвокатското Друштво Поленак веруваме дека нашата способност да одговориме на потребите на нашите клиенти е целосно поддржана од нашиот не-правнички персонал. Ние, исто така веруваме дека не треба да постојат јазични бариери за нашите клиенти. За таа цел преведувачи на сите светски јазици се секогаш достапни за квалитетен превод од јазици кои не ги зборуваат нашите адвокати.